Sony Xperia E - Гледање фотографии и видеа во апликацијата Албум

background image

Гледање фотографии и видеа во апликацијата Албум

Користете ја апликацијата Албум за да прикажувате фотографии и да репродуцирате видеа што

сте ги направиле со камерата на телефонот или да прикажувате слични содржини што сте ги

преземале или копирале на мемориската картичка. Можете да додавате гео-ознаки на

фотографиите и видеата и да ги гледате на карта на светот. Во апликацијата Албум може и да

прикажувате фотографии и видеа што сте ги префрлиле на некоја онлајн услуга, на пример, во

веб-албум на Picasa™ или на Facebook™.

Од апликацијата Албум можете да ги споделувате омилените фотографии и видеа со пријателите

со помош на безжична технологија Bluetooth™, е-пошта, пораки и разни онлајн услуги. Можете да

изведувате и основни задачи на уредување на фотографиите и да ги поставите како позадина или

како фотографии за контакти. За повеќе информации, видете Поврзување на вашиот
телефон со компјутер
на страница 92.

Преглед на картичката Албум

Во Албум се достапни следните картички:

Слики – гледајте ги сите фотографии и видеа сочувани во мемориската картичка.

Мапи – гледајте ги фотографиите и видеата со гео-ознаки на карта на светот.

Електронски – гледајте ги албумите онлајн.

Отворање на апликацијата Албум

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Албум.

Ако ориентацијата на екранот не се промени автоматски кога ќе го завртите телефонот
настрана, обележете го полето за избор Автом. ротирање на екранот под Поставки >
Екран.