
Технологија TrackID
Идентификување музика со помош на технологијата TrackID
Користете ја услугата TrackID™ за препознавање музика за да идентификувате некоја музичка
нумера што ќе ја слушнете во околината. Само снимете краток дел од песната и ќе добиете
информации за изведувачот, насловот и албумот за неколку секунди. Можете да ги купувате
песните коишто ќе ги идентификува TrackID™, да ги прегледувате TrackID топ листите и да видите
што пребаруваат другите корисници ширум светот. За најдобри резултати, користете ја
технологијата на TrackID™ во тивка средина.
Апликацијата TrackID™ и услугата TrackID™ не се поддржани во сите држави/ региони
или од сите мрежи и/или даватели на услуги во сите области.
За да се отвори апликацијата TrackID™
1
Од Почетен екран, допрете ја .
2
Најдете и допрете го TrackID™.
Апликацијата TrackID™ можете да ја отворите и со графичкиот објект на TrackID™.
61
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

Пребарувате информации за песна со помош на TrackID™
1
Кога е отворена апликацијата TrackID™, држете го телефонот кон изворот на музиката.
2
Допрете го . Ако услугата TrackID™ ја препознае песната, резултатите ќе се појават на
екранот.
За да се вратите во почетниот екран на TrackID™, притиснете го
.
Гледање топ листи на TrackID™
1
Кога апликацијата TrackID™ е отворена, допрете го Топ листи. Првиот пат кога ќе ја
видите топ листата, таа е поставена на вашиот регион.
2
За да ги видите топ листите на најпопуларните пребарувања во други региони, допрете го
> Региони.
3
Одберете земја или регион.
Користење на резултатите од технологијата TrackID™
Информациите за песна се појавуваат кога апликацијата TrackID™ препознава песна. Можете да
одберете да ја купите песната или да ја споделите користејќи е-пошта или SMS. Можете и да
добиете повеќе информации за изведувачот на песната.
Да купите песна со користење на ТrackID™ технологија
1
Кога TrackID™ апликацијата е отворена, потчукнете го насловот на песната.
2
Во екранот со информации за песната, потчукнете Преземи.
3
Следете ги упатствата во вашиот телефон за да го завршите вашето купување.
Функциите за купување на песна може да не се поддржани во сите држави/ региони или
од сите мрежи и/или обезбедувачи на услуги во сите области.
Споделување песна со помош на е-пошта или SMS
1
Кога апликацијата TrackID™ е отворена, допрете го насловот на некоја песна.
2
Допрете го Сподели, па одберете начин на споделување.
3
Следете ги упатствата во телефонот за да ја завршите постапката.
Гледање информации за изведувачот на песната
1
Кога апликацијата TrackID™ е отворена, допрете го насловот на некоја песна.
2
Допрете го Изведувач.
Бришење песна од историјата на песни
1
Кога апликацијата TrackID™ е отворена, потчукнете Историја.
2
Допрете наслов на песна, потоа допрете Избриши.
3
Допрете Да.