Sony Xperia E - Навигација на веб страници

background image

Навигација на веб страници

Одбирање линк

За да одберете линк во веб-страница, допрете го линкот. Одбраниот линк се означува, а

веб-страницата почнува да се вчитува откако ќе го ослободите прстот.

Ако одберете линк по грешка пред да го ослободите прстот, можете да го одвлечете
прстот од линкот за да го откажете одбирањето.

За да се оди на претходната страница при пребарување

Притиснете .

Зумирање или одзумирање веб-страница

Користете еден од следниве методи да зумирате или одзумирате веб-страница:

Двоен допир за да зумирате на веб-страницата или повторно двоен допир за да

одзумирате.

Допрете област на страницата со два прста одеднаш и раширете ги за да зумирате или

притиснете ги заедно за да одзумирате.

За да се вчита повторно тековната веб-страница

Притиснете го

, па допрете го Освежи.

Зачувување веб-страница за офлајн прикажување

1

Откако веб-страницата е вчитана, притиснете

.

2

Допрете Зачувај за офлајн читање. Потоа сте насочени до картичката Зачувани
страници
, каде можете да ги прикажете сите зачувани веб-страници.

Ако мемориската картичка не е достапна, веб-страницата не може да се зачува.

Прикажување претходно зачувана веб-страница

1

Кога пребарувачот е отворен, потчукнете надолу на екранот за да се појави лентата за

пребарување и адреса.

2

Допрете веднаш до лентата за пребарување и адреса.

3

Допрете , потоа допрете ја картичката Зачувани страници.

4

Пронајдете и одберете веб-страница што сакате да ја прикажете.

Вчитување на живата верзија од офлајн веб-страница

1

Кога е отворена офлајн веб-страница, притиснете

.

2

Допрете Оди во живо.

Барање на верзијата на работната површина од веб-страница

1

При пребарување на веб-страницата, притиснете

.

2

Допрете Барај стр. за раб. повр..

Штом ќе одберете да ја прикажете верзијата на работната површина од веб-страница во
прозорец, кои било други веб-страници кои ќе ги прикажете подоцна во истиот прозорец
ќе ги прикажат и нивните верзии на работна површина. Допрете Барај стр. за раб. повр.
повторно за да го вратите поставувањето.

Споделување линк до тековната веб-страница

1

При пребарување, притиснете

.

2

Допрете Сподели страница.

3

Одберете достапен начин на пренесување, потоа следете ги инструкциите на екранот.

Затворање на прозорец на пребарувачот

1

Кога пребарувачот е отворен, потчукнете надолу на екранот за да се појави лентата за

пребарување и адреса.

2

Допрете веднаш до лентата за пребарување и адреса. Се појавува листа од сите

отворени прозорци.

3

Допрете во прозорецот што сакате да ја затворите или потчукнете го прозорецот лево

или десно надвор од екранот за да го затворите.

83

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.