
Користење на екранот на допир
Кога ќе го купите телефонот, на екранот на допир е залепена заштитна пластична фолија.
Фолијата мора да се отстрани пред да се користи екранот на допир. Во спротивно, екранот на
допир може да не функционира правилно.
Кога телефонот е вклучен и неактивен определен временски период, екранот се затемнува за да
ја заштеди батеријата и автоматски се заклучува. Ова заклучување спречува несакани активности
на екранот на допир кога не го користите. Можете и да поставите лично заклучување за да ја
заштитите својата претплата и да бидете сигурни дека само вие имате пристап до содржината на
телефонот.
Екранот на телефонот е направен од стакло. Не допирајте го екранот доколку стаклото е
напукнато или скршено. Не обидувајте се самите да го поправате оштетениот екран.
Екраните од стакло се осетливи на паѓање и механички шокови. Случаите на недоволна
грижа кон производот не се покриени со сервисирањето во гарантен рок на Sony.
За да се отвори или означи објект
•
Потчукнете го објектот.
15
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

Опции за означување
Обележено поле за избор
Отштиклирано поле за избор
Обележана листа со опции
Отштиклирана листа со опции
Обележување или отштиклирање опции
•
Допрете го соодветното поле или опцијата од листата.
Зумирање
Достапните опции на зумирање зависат од апликацијата што ја користите.
Зумирање
•
Кога е достапно, допрете
или
за да зумирате или одзумирате.
Можеби ќе треба да го влечете екранот (во која било насока) за да се појават иконите за
зумирање.
Зумирање со два прста
•
Поставете два прста на екранот одеднаш и притиснете ги заедно (да зголемите) или
широко одвојте ги (да оддалечите).
Користете ја функцијата за зумирање кога гледате фотографии и мапи, или кога
пребарувате на веб.
Скролување
Скролувај со движење на прстот нагоре или надолу на екранот. На некои веб страници можете да
скролувате и настрана.
Со влечење или потчукнување нема ништо да активирате на екранот.
16
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

Скролување
•
Влечете го или потчукнете со прстот во насоката во која сакате да скролувате на екранот.
Да скролувате побрзо, потчукнувајте со прстот во насоката во која сакате да одите на
екранот.
За да потчукнете
•
Да скролувате побрзо, потчукнувајте со вашиот прст во насоката во која сакате да одите на
екранот. Можете да почекате да запре скролувањето или можете да го запрете веднаш со
допирање на екранот.
Сензори
Уредот има сензори коишто ја откриваат близината. Сензорот за близина го исклучува екранот на
допир во текот на гласовен повик, кога вашето уво е блиску до екранот. Ова го спречува
ненамерното активирање на функциите на уредот кога сте зафатени со повикот.