Sony Xperia E - Меморија

background image

Меморија

Можете да зачувувате содржини во мемориската картичка, внатрешната меморија и во меморијата

на телефонот. Музиката, видео клиповите и фотографиите се зачувуваат на внатрешната

меморија или мемориската картичка, додека апликациите, контактите и пораките се зачувуваат во

меморијата на телефонот.

Можете да преместите некои апликации од меморијата на телефонот на внатрешната
меморија.

Пренос на апликација во внатрешната меморија на телефонот

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Пронајдете и допрете го Поставки > Апликации.

3

Одберете ја апликацијата којашто сакате да ја преместите во внатрешната меморија.

4

Допрете го Премести во внатрешната меморија.

Некои апликации не можат да се преместат од меморијата на телефонот на
внатрешната меморија.

Мемориска картичка

Можеби ќе треба засебно да купите мемориска картичка.

Вашиот телефон поддржува microSD™ мемориска картичка, која се користи за медиумски

содржини. Овој тип на картичка може да се користи и како портабл мемориска картичка со други

компатибилни уреди.

Форматирање на мемориската картичка

Вие можете да ја форматирате мемориската картичка во вашиот телефон, на пример, да

ослободите меморија. Ова значи дека вие сте ги избришале сите податоци на картичката.

Сета содржина на мемориската картичка се брише кога вие ја форматирате. Осигурете се
дека сте направиле резервна копија на се што сакате да зачувате пред форматирањето
на мемориската картичка. За да ја зачувате вашата содржина, вие може да ја копирате на
вашиот компјутер. За повеќе информации, погледнете го поглавјето Поврзување на
вашиот телефон со компјутер
на страна 92.

Форматирање на мемориската картичка

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Зачувување > Отстрани ја SD-картичката.

3

Откако сте ја демонтирале мемориската картичка, допрете Избриши ја SD-
картичката
.