Sony Xperia E - Поставки за мобилна мрежа

background image

Поставки за мобилна мрежа

Вашиот телефон автоматски се префрла меѓу мобилните мрежи во зависност од тоа кои мобилни

мрежи се достапни во различни области. Можете исто така мануелно да го посставите телефонот

да пристапува до одреден вид на мобилна мрежа, на пример WCDMA или GSM (Глобален систем

за мобилна комуникација).

33

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

За да одберете вид на мрежа

1

Од вашиот Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Мрежен режим.

4

Одберете вид на мрежа.

За да одберете друга мрежа рачно

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи > Мрежни
оператори
.

3

Кога ќе се појави скокачки прозорец, допрете го Режим на пребарување > Рачно.

4

Одберете мрежа.

Ако рачно одберете мрежа, телефонот нема да бара други мрежи дури и ако излезете
надвор од досегот на рачно одбраната мрежа.

Активирање на автоматско одбирање мрежа

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете ги Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи > Мрежни
оператори
.

3

Кога ќе се појави скокачки прозорец, допрете го Режим на пребарување.

4

Допрете го Автоматски.

Исклучување на преносот на податоци

Можете да ги исклучите сите конекции со пакет податоци преку 2G/3G мрежите со Вашиот

телефон за да избегнете несакано преземање на податоци и синхронизација. Контактирајте со

Вашиот мрежен оператор ако Ви требаат детални информации за Вашиот план за претплата и за

трошокот на пренос на податоци.

Кога преносот на податоци е исклучен, сè уште можете да ги користите конекциите Wi-
Fi® и Bluetooth™. Сè уште можете да испраќате и примате мултимедијални пораки.

Исклучување на целиот податочен сообраќај

1

Од својот Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Отштиклирајте го полето за избор Сообраќај на податоците.

Роаминг на податоци

Во зависност од вашиот мрежен оператор, можеби ќе биде можно да се дозволат податочни

конекции преку 2G/3G надвор од вашата домашна мрежа (роаминг). Имајте на ум дека преносот

на податоци може да се наплати. Контактирајте со Вашиот мрежен оператор за повеќе

информации.

Апликациите може некогаш да ја користат интернет конекцијата во вашата домашна
мрежа без никакво известување, на пример, при испраќање на барање за пребарување и
синхронизација. Може да платите дополнителни давачки за роаминг на податоци.
Консултирајте се со вашиот давател на услуги.

Активирање роаминг на податоци

1

Од Почетен екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Обележете го полето за избор Роаминг на податоци.

Не можете да активирате роаминг на податоци кога конекциите за податоци се
деактивирани

34

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.