Sony Xperia E - Поставки за пораки и интернет

background image

Поставки за пораки и интернет

За испраќање на текстуални и мултимедијски пораки и за пристап на интернет, мора да имате

2G/3G мобилна податочна конекција и точните поставки. Има различни начини за да дојдете до

овие поставки:

За поголемиот број мрежи и оператори на мобилни телефони, интернет поставките и поставките

за пораки се претходно инсталирани на Вашиот телефон. Тогаш можете веднаш да започнете со

користење на интернет и да испраќате пораки.

Во некои случаи ќе ја добиете опцијата да ги преземете поставките за интернет и пораки, првиот

пат кога ќе го вклучите телефонот. Исто така возможно е подоцна да се преземат овие поставки

од менито Поставки.

Можете рачно да додавате и да менувате интернет и мрежни поставки во Вашиот телефон во

секое време. Контактирајте со мрежниот оператор за детални информации за поставките за

интернет и пораки.

За да преземете поставки за интернет и пораки

1

Од вашиот Почетен екран, допрете ја .

2

Најдете и допрете го Поставки > Xperia™ > Поставки за интернет.

Прикажување на тековното име на пристапната точка (APN)

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на прис. точки.

Доколку имате неколку достапни конекции, активната мрежна конекција ќе биде означена
со обележено копче.

Рачно конфигурирање на поставките за APN

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Најдете и допрете го Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на прис. точки, потоа притиснете на

.

4

Допрете го Нов APN.

5

Допрете Име и внесете го името на мрежниот профил што сакате да го креирате.

6

Допрете APN и внесете го името на пристапната точка.

7

Внесете ги сите други информации побарани од мрежниот оператор.

8

Притиснете го

, па допрете го Зачувај .

Контактирајте со мрежниот оператор за детални информации за поставките на мрежата.

За да ги ресетирате стандардните интернет поставки

1

Од Почетен екран, допрете го .

2

Допрете го Поставки > Повеќе… > Mобилни мрежи.

3

Допрете го Имиња на прис. точки, потоа притиснете на

.

4

Допрете го Ресет. на стандардно.