Sony Xperia E - Почетен екран

background image

Почетен екран

Почетен екран на телефонот е еквивалент на работната површина на компјутерот. Тој е вашата

порта кон главните функции во телефонот. Можете да го прилагодите својот Почетен екран со

додатоци, кратенки, папки, теми, позадини и други објекти.
Почетен екран продолжува надвор од ширината на приказот на редовниот екран, па треба да

потчукнувате лево или десно за да се прикажат содржините во една од четирите наставки на

екранот.

покажува во кој дел од Почетен екран се наоѓате.

17

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Објектите во лентата на дното на екранот се секогаш достапни за брз пристап.

Одење на почетниот екран

Притиснете .

Да пребарувате низ почетниот екран

Потчукнувајте десно или лево.

Споделување објект од почетниот екран

1

Притиснете за да се отвори Почетен екран.

2

Допрете го и задржете го објектот додека не се зголеми и телефонот не почне да вибрира,

потоа повлечете го објектот кон

.

3

Одберете опција и потврдете, ако е потребно. Сега можете да ги споделувате апликациите

и елементите што ви се допаѓаат со своите пријатели за да можат да ги преземаат и

користат.

Елементи

Елементите се мали апликации коишто можете директно да ги користите на вашиот Почетен

екран. На пример, елементот Музички плеер ви овозможува директно да почнете да пуштате

музика.
Некои елементи се променливи во големина, така што можете да ги проширите за да прикажете

повеќе содржина или да ги соберете за да зачувате простор на вашиот Почетен екран.

Додавање елемент на почетниот екран

1

Од својот Почетен екран, притиснете

.

2

Допрете Додај > Додатоци.

3

Допрете елемент.

Менување големина на елемент

1

Допрете го и задржете го елементот додека не се зголеми и телефонот не почне да

вибрира, потоа ослободете го. Ако на елементот може да му се промени големината, на

пример, елементот на Календар, се појавува означена рамка и точки за менување

големина.

2

Влечете ги точките навнатре или кон надвор за да го соберете или раширите елементот.

3

За да ја потврдите новата големина на елементот, допрете каде било на Почетен екран.

Добивање преглед на сите додатоци на почетниот екран

Стиснете на која било област од својот Почетен екран. Сите додатоци од различни делови

на вашиот Почетен екран сега се прикажани во еден поглед.

Кога сите додатоци на Почетен екран се комбинирани во еден поглед, допрете на кој
било додаток за да одите во делот на Почетен екран што го содржи тој додаток.

18

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Преуредување на почетниот екран

Прилагодете го изгледот на почетниот екран и променете ги функциите до кои можете да

пристапите од таму. Променете ја позадината на екранот, преместувајте објектите наоколу,

креирајте папки и додајте кратенки до контакти.

Отворање на менито со опции од почетниот екран

Можете да го отворите менито со опции од Почетен екран на два начини:

Од својот Почетен екран, притиснете

.

Допрете и држете на кој било дел од својот Почетен екран.

Додавање кратенка на почетниот екран

1

Од својот Почетен екран, притиснете

.

2

Допрете Додај > Кратенки.

3

Пронајдете и одберете кратенка.

Додајте кратенка до апликацијата директно од екранот на апликацијата со допирање и
задржување на апликацијата.

Преместување објект на почетниот екран

1

Притиснете за да се отвори Почетен екран.

2

Допрете го и држете го објектот додека не се зголеми и телефонот не почне да вибрира,

потоа повлечете го објектот на новата локација.

Да избришете објект од почетниот екран

Допрете го и задржете го објектот додека не се зголеми и телефонот не почне да вибрира,

потоа повлечете го објектот кон .

Додавање нова папка на почетниот екран

1

Од Почетен екран притиснете го

.

2

Допрете го Додај > Папка.

3

Внесете име за папката и допрете го Готово.

Спуштете објект врз друг објект на почетниот екран за да креирате папка автоматски.

За да додавате работи во папка

Допрете го и задржете го објектот додека не се зголеми и телефонот не почне да вибрира,

потоа повлечете го објектот кон папката.

За да промените име на папка

1

Допрете ја папката за да ја отворите.

2

Допрете ја и држете ја насловната лента на папката за да се покаже полето Име на
папката
.

3

Внесете го името на новата папка и допрете Готово.

Промена на позадината на почетниот екран

Прилагодете го Почетен екран на сопствениот стил користејќи позадини и различни теми.

Да ја промените позадината на вашиот почетен екран

1

Од Почетен екран притиснете го

.

2

Допрете Позадина, потоа одберете позадина.

Може да користите фотографија што сте ја направиле или анимација. Одете на Google
Play™ или други извори за да преземете, на пример, живи позадини што ќе се менуваат
како што одминува времето во денот.

Поставување тема

1

Од својот Почетен екран, притиснете

.

2

Допрете Тема, потоа одберете тема.

Кога ќе промените тема, ќе се промени и позадината во некои апликации.

19

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.