Sony Xperia E - Вклучување и исклучување на телефонот

background image

Вклучување и исклучување на телефонот

Вклучување на телефонот

1

Притиснете и задржете го копчето за вклучување на десната страна на телефонот

додека да завибрира телефонот.

2

Доколку екранот се затемни, кратко притиснете го копчето за вклучување за да се

активира екранот.

3

За да го отклучите екранот, влечете

кон десно преку екранот.

4

Кога ќе биде побарано, внесете го PIN-от на SIM-картичката и одберете OK.

5

Почекајте додека да се вклучи телефонот.

PIN-от на SIM картичката првично е даден од мрежниот оператор, но можете подоцна да
го промените од менито Поставки. За да коригирате грешка направена при внесувањето
на PIN-от на SIM-картичката, допрете

.

Исклучување на телефонот

1

Притиснете и задржете го копчето за вклучување додека не се отвори менито со опции.

2

Во менито со опции, допрете го Исклучување.

3

Допрете го ОК.

Може да помине одредено време додека да се исклучи телефонот.