
Склопување
Отстранување на капакот на батеријата
•
Со палците лизгајте го капакот од батеријата за да го отстраните од телефонот.
За да вметнете мемориска картичка
•
Извадете го поклопецот на батеријата и вметнете ја мемориската картичка со златно
обоените контакти свртени надолу.
Отстранување на мемориската картичка
1
Исклучете го телефонот.
2
Отстранете ги поклопецот на батеријата и батеријата.
3
Притиснете го пластичното јазиче коешто ја држи мемориската картичка на место. Додека
го држите јазичето притиснато, извлечете ја мемориската картичка со помош на ноктот.
Вметнување SIM-картичка
Не вметнувајте некомпатибилна SIM-картичка во лежиштето. Тоа може трајно да ги
оштети SIM-картичката или телефонот.
9
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

•
Извадете го капакот и вметнете ја SIM-картичката во нејзиното лежиште со златно
обоените контакти свртени надолу.
За да ја извадите SIM картичката
1
Извадете ги поклопецот на батеријата и батеријата.
2
Ставете го врвот на вашиот прст на SIM-картичката и лизгајте ја надвор од нејзиниот отвор.
Вметнување батерија
1
Отстранете го поклопецот на батеријата.
2
Вметнете ја батеријата со етикетата за користење завртена нагоре и конекторите завртени
едни кон други.
За да ја извадите батеријата
1
Отстранете го поклопецот на батеријата.
2
Поставете го врвот на ваишиот прст во отворот на долната страна на батеријата и
подигнете ја.
10
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

Приложување на капакот на батеријата
1
Поставете го капакот врз задниот дел од телефонот и прилагодете го во отворите.
2
Лизгајте го капакот надолу.