Sony Xperia E - Во врска со камерата

background image

Во врска со камерата

Со камерата на телефонот можете да правите обични, 2Д, фотографии. Испратете ги

фотографиите и видеата на пријателите во вид на мултимедијални пораки или префрлете ги на

некоја веб-услуга.

Преглед на контролите на камерата

1

Зумирање или одзумирање

2

Екран на главната камерата

3

Префрлувајте меѓу фотоапарат и видео камера

4

Копче за камерата – активирање на камерата/фотографирање/снимање видеа

5

Приказ на сите поставки

6

Направете фотографии или снимете видео клипови

7

Врати се еден чекор назад или излези од камерата

8

Прикажи фотографии и видеа

9

Икони за поставките на камерата

Совети за користење на камерата

Правило на третина

Не поставувајте го субјектот во средина на кадарот. Со негово поставување на третина од патот,

постигнувате подобар резултат.

Држете ја мирно

Ќе избегнете заматени фотографии ако камерата ја држите мирно. Обидете се да ги смирите

рацете со потпирање на цврст објект.

Приближете се

Со приближување колку е можно повеќе до субјектот, можете да го исполните приказот на екранот

на камерата со својот субјект.

Разгледајте ги можностите

Размислете за различни агли и движете се кон субјектот. Направете неколку вертикални

фотографии. Обидете се со различни позиции.

Користете чиста позадина

Чистата позадина помага за осветлување на субјектот.

Одржувајте ги леќите чисти

Мобилните телефони се користат во секакви временски услови и места и се носат во џебови и

чанти. Ова резултира со валкање на леќите на камерата и нивно прекривање со отпечатоци од

прсти. Користете мек материјал за чистење на леќите.

66

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.