Sony Xperia E - Поставки на видео камера

background image

Поставки на видео камера

Прилагодување на поставките на видео камерата

1

Активирајте ја камерата.

2

Ако видео камерата не е одбрана, влечете го до .

3

Допрете една од иконите за поставки на левата страна на екранот.

4

За да се прикажат сите поставки, притиснете го

.

5

Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, па направете ги промените.

Прилагодување на паното за поставките на видеокамерата

1

Кога видеокамерата е отворена, притиснете

за да се прикажат сите поставки.

2

Допрете ја и држете ја поставката што сакате да ја преместите и повлечете ја кон саканото

место.

Ако ја повлечете поставката надвор од паното за поставки, промената се откажува.

70

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Преглед на поставките за видеокамерата

Сцени

Функцијата Сцени ви помага брзо да ја поставите камерата за вообичаени ситуации користејќи

претходно програмирани сцени. Камерата го одредува бројот на поставките да одговараат на

избраната сцена, обезбедувајќи најдобар можен видео клип.

Исклучено

Функцијата Сцени е исклучена и вие можете рачно да снимате видеа.

Ноќна сцена

Кога е вклучена, чувствителноста на светло е зголемена. Користете ја во слабо осветлени околини. Видео

клиповите на предметите кои се движат брзо може да станат замаглени. Држете ја мирно својата рака или

користете статив. Исклучете го ноќниот режим кога светлосните услови се добри, за да го подобрите квалитетот на

видеото.

Спортови

Користете за видео клипови на предмети кои брзо се движат. Краткото време на експозиција го минимизира

замаглувањето предизвикано од движење.

Вредност на експозиција

Оваа поставка ви овозможува да го одредите количество на светлина во сликата што ја снимате. Поголемата

вредност укажува на зголемено количество на светлина.

Баланс на бела боја

Поставката на балансот на бела боја го прилагодува балансот на бои според осветлувањето.

Автоматски

Прилагодете го балансот на бои автоматски според осветлувањето.

Со вжар. влакно

Прилагодете го балансот на бои за топло осветлување, како под светилки.

Флуоресцентна

Прилагодете го балансот на бои за флуоресцентно осветлување.

Дневна светлина

Прилагодете го балансот на бои на сончеви надворешни услови.

Облачно

Прилагодете го балансот на бои за облачно време.

Автотајмер

Со автотајмерот можете да снимате видео без да го држите телефонот. Користете го да снимате

групни видеа каде сите можат да бидат снимени. Можете да го користите автотајмерот и за да

избегнете тресење на камерата при снимање видеа.

Вклучено (10 секунди)

Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот кога

видеото почнува да се снима.

Вклучено (2 секунди)

Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот кога

видеото почнува да се снима.

Исклучено

Видеото почнува да се снима веднаш штом го допрете екранот на камерата.

Метода на сликање

Одберете метода на снимање видео клип.

Копче на екранот

Снимете видео клип со допирање на копчето на екранот на камерата.

Снимање со допир

71

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Идентификувајте одредена област за фокусирање со допирање на екранот на камерата со прстот.

Само на копч. за камерата

Снимете видео клип само со помош на механичкото копче за камерата.

Микрофон

Одберете дали да се слуша звукот од околината кога снимате видеа.

Звук при фотографирање

Одберете дали да го вклучите или исклучите звукот при притискање на копчето за снимање видео

клип.

72

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.