Sony Xperia E - Прилагодувања на мирната камера

background image

Прилагодувања на мирната камера

Прилагодување на поставките на фотоапаратот

1

Активирајте ја камерата.

2

Ако фотоапаратот не е избран, влечете го до .

3

Допрете една од иконите за поставки на левата страна на екранот.

4

За да се прикажат сите поставки, притиснете го

.

5

Одберете ја поставката што сакате да ја прилагодите, па уредете ја како што сакате.

Прилагодување на паното за поставките на фотоапаратот

1

Кога камерата е отворена, притиснете

за да се прикажат сите поставки.

2

Допрете ја и држете ја поставката што сакате да ја преместите и повлечете ја кон саканото

место.

Ако ја повлечете поставката надвор од паното за поставки, промената се откажува.

Преглед на поставките за фотоапаратот

Сцени

Користете ја функцијата Сцени за брзо да ја поставите камерата за вообичаени ситуации

користејќи претходно програмирани сцени. Камерата го одредува бројот на поставки да

одговараат на избраната сцена, овозможувајќи најдобра можна фотографија.

Исклучено

Функцијата Сцени е исклучена и фотографиите можат да се сликаат рачно.

Ноќна сцена

Користете ја при правење фотографии ноќе или во слабо осветлени средини. Поради долгото време на

експозиција, камерата мора да се држи мирно или да се постави на стабилна површина.

Спортови

Користете ја за фотографии на предмети кои брзо се движат. Краткото време на експозиција го минимизира

замаглувањето предизвикано од движење.

Вредност на експозиција

Одредете го количеството на светлина на фотографијата што сакате да ја направите. Поголемата вредност укажува

на зголемено количество на светлина.

Баланс на бела боја

Поставката на балансот на бела боја го прилагодува балансот на бои според осветлувањето.

Автоматски

Прилагодете го балансот на бои автоматски според осветлувањето.

Со вжар. влакно

Прилагодете го балансот на бои за топло осветлување, како под светилки.

Флуоресцентна

Прилагодете го балансот на бои за флуоресцентно осветлување.

68

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Дневна светлина

Прилагодете го балансот на бои на сончеви надворешни услови.

Облачно

Прилагодете го балансот на бои за облачно време.

Автотајмер.

Со автотајмерот можете да фотографирате без да го држите телефонот. Користете ја оваа

функција за да правите авто-портрети или групни фотографии каде сите може да бидат на

фотографијата. Можете исто така да го користите автоматскиот тајмер за да избегнете тресење на

камерата кога правите фотографии.

Вклучено (10 секунди)

Поставете одложување од 10 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на

фотографирање.

Вклучено (2 секунди)

Поставете одложување од 2 секунди од моментот кога ќе го допрете екранот на камерата па до моментот на

фотографирање.

Исклучено

Фотографијата се прави веднаш штом ќе го допрете екранот на камерата.

Гео-означување

Означете фотографии со детали каде сте ги направиле.

Вклучено

Кога гео-означувањето е вклучено, при фотографирање на фотографиите им се додава приближната географска

локација. За да користите гео-означување, мора да ги вклучите функциите за локација од менито Поставки. За да

се додадат гео-ознаки на фотографија, мора да се одреди локацијата пред да се направи фотографијата.
Локацијата е одредена кога на екранот на камерата ќе се појави . Кога уредот ја пребарува вашата позиција, се
појавува .

Исклучено

Кога гео-означувањето е исклучено, не можете да ја прегледате локацијата каде што сте фотографирале.

Метода на сликање

Одберете метода на фотографирање.

Копче на екранот

Сликајте со допирање на копчето на екранот на камерата. Фотографијата се прави веднаш штом ќе го ослободите

прстот.

Снимање со допир

Идентификувајте одредена област за фокусирање со допирање на екранот на камерата со прстот. Фотографијата

се прави веднаш штом ќе го ослободите прстот. Ова важи само кога режимот на фокусирање е поставен на

фокусирање на допир.

Само на копч. за камерата

Сликајте само со помош на механичкото копче за камерата. Фотографијата се прави веднаш

штом ќе го ослободите прстот.