Sony Xperia E - Ажурирање на телефонот

background image

Ажурирање на телефонот

Ажурирајте го телефонот со најновата верзија на софтвер за да ги добиете оптималните

перформанси и најновите подобрувања.
Можете да ја користите апликацијата Центар за ажурирање на телефонот за да извршите

безжично ажурирање или можете да ја користите апликацијата PC Companion на компјутер за да

извршите ажурирање користејќи конекција преку USB кабел. Ако ажурирате безжично, тогаш
можете да користите или мобилна мрежа или мрежна конекција Wi-Fi

®

. Само проверете дали

направивте резервна копија и дали ги зачувавте сите податоци зачувани на телефонот пред

ажурирањето.

Кога вршите ажурирање користејќи ја апликацијата Центар за ажурирање, се
воспоставува конекција на податоци и може да се направат поврзани трошоци. Исто така,
достапноста на ажурирањата преку мобилна мрежа зависи од операторот. Контактирајте
со својот мрежен оператор за повеќе информации.

Безжично ажурирање на телефонот

Користете ја апликацијата Центар за ажурирање за безжично ажурирање на телефонот.

Ажурирањата на софтверот можете да ги преземете рачно или можете да му дозволите на

Центарот за ажурирање автоматски да го ажурира телефонот штом има достапни преземања.

Кога е активирана опцијата за автоматско ажурирање, секојпат кога има достапно ажурирање, во

лентата за статус ќе се појави известување.

Рачно преземање ажурирање на софтверот од центарот за ажурирање

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Центар за ажурир..

3

Одберете ја саканата апликација или ажурирање на систем и допрете Преземи или

допрете Ажур. сè за да ги преземете сите ажурирања на апликацијата.

Ажурирањата на апликација автоматски се отвораат после преземањето. Со
ажурирањата на системот, почекајте да се рестартира телефонот, потоа рачно
инсталирајте го ажурирањето. Исто така, може да направите трошоци за податочна
конекција кога преземате ажурирања преку 3G/мобилни мрежи.

Активирање автоматско ажурирање на софтверот од центарот за ажурирање

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Центар за ажурир..

3

Притиснете

, потоа допрете Поставки.

4

Допрете Дозволи автоматски преземања и одберете дали ќе преземате
ажурирања преку 3G и Wi-Fi

®

мрежи или само преку Wi-Fi

®

мрежи. Ажурирањата сега се

преземаат автоматски штом ќе станат достапни.

Може да направите трошоци за податочна конекција кога преземате ажурирања преку
3G/мобилни мрежи.

За да инсталирате ажурирања на систем

1

Од почетниот екран, допрете .

2

Пронајдете и допрете Центар за ажурир..

3

Одберете го ажурирањето на систем што сакате да го инсталирате, а потоа допрете
Инсталирај.

Ажурирање на телефонот користејќи конекција преку USB-кабел

Некои ажурирања не се достапни за безжично преземање. Известувањата се појавуваат во

лентата за статус за да ве информираат за таквите ажурирања. За преземање и извршување на

ажурирањата ви треба USB-кабел и компјутер со вклучена апликација PC Companion.

Апликацијата PC Companion можете да ја инсталирате на компјутерот преку инсталациските

датотеки на телефонот или така што ќе ја преземете директно од PC Companion.

105

Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

background image

Преземање на апликацијата PC Companion од телефонот

1

Поврзете го телефонот со компјутер со помош на USB-кабел.

2

Кога ќе се побара, следете ги упатствата на телефонот за стартување на инсталацијата на

PC Companion на компјутерот.

PC Companion може да се преземе и од PC Companion.

Преземање ажурирања на софтверот користејќи конекција преку USB-кабел

1

Ако веќе не е инсталирара, инсталирајте ја апликацијата PC Companion на компјутерот што

го користите.

2

Поврзете го телефонот со компјутерот користејќи USB-кабел.

3

Компјутер: Стартувајте ја апликацијата PC Companion. По неколку моменти, PC

Companion ќе го открие телефонот и ќе пребарува нов софтвер за него.

4

Телефон: Кога се појавуваат известувања во лентата за статус, следете ги инструкциите

на екранот за извршување на соодветните ажурирања на софтверот.

Ажурирање на телефонот со помош на Apple® Mac® компјутер

1

Ако веќе не е инсталирана, инсталирајте ја апликацијата на Apple

®

Mac

®

компјутерот што

го користите.

2

Поврзете го телефонот со Apple

®

Mac

®

компјутерот со помош на USB-кабел.

3

Компјутер: Стартувајте ја апликацијата Мост за Mac. По неколку моменти, Мост за Mac

ќе го открие телефонот и ќе пребарува нов софтвер за него.

4

Компјутер: Ако се открие нов софтвер за телефон, се појавува скокачки прозорец.

Следете ги упатствата на екранот за извршување на соодветните ажурирања на

софтверот.

Апликацијата Мост за Mac може да се преземе од Bridge for mac.