
Користење текст и мултимедијални пораки
Можете да испраќате и примате текстуални пораки од телефонот користејќи SMS (Short Message
Service). Ако вашата претплата вклучува MMS (Multimedia Messaging Service), можете и да
испраќате и примате пораки кои содржат медиумски датотеки, на пример, слики и видеа. Бројот на
знаци што може да се испратат во една текстуална порака зависи од ограничувањата на
операторот и на користениот јазик. Ако го надминете ограничениот број на знаци, сите единечни
пораки се поврзуваат и се испраќаат заедно. Ќе ви се наплати за секоја единечна порака. Кога ги
гледате ваѓите пораки, тие се појавуваат како разговори, што значи дека сите пораки до и од
определено лице се групирани заедно.
За да испратите мултимедијална порака, треба да ги коригирате MMS поставките во
телефонот. Видете Поставки за пораки и интернет на страница 32.
Креирање и испраќање порака
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа пронајдете и допрете .
2
Допрете Нова порака.
3
За да додадете примач, допрете Додај примач, потоа пронајдете и обележете го
полето за избирање веднаш до името на примачот. За да додадете повеќе од еден примач,
обележете ги полињата за избирање за саканите примачи. Можете и да го внесите рачно
целиот број во полето за пребарување, потоа допрете Додај.
4
Кога ќе завршите со додавање примачи, допрете Готово.
5
Допрете Напишете порака и внесете ја својата текстуална порака.
6
Ако сакате да додадете медиумска датотека, допрете и одберете опција.
7
Ако сакате да додадете или отстраните примачи пред испраќањето на пораката,
притиснете
. За да додадете примач, допрете Додај примач. За да отстраните
примач, допрете Уреди примачи и допрете веднаш до полето на примачот. Кога ќе
завршите, допрете Готово.
8
За да ја испратите пораката, допрете Испр..
Ако излезете од пораката пред испраќањето, таа ќе биде зачувана како нацрт.
Разговорот ќе биде означен со зборот Скица.
За да се прочита примена порака
1
Од вашиот Почетен екран, допрете , потоа пронајдете го и допрете го .
2
Допрете го саканиот разговор.
3
Ако пораката сè уште не е преземена, допрете ја и држете ја пораката, а потоа допрете
Преземи порака.
Кога ќе примите текстуална или мултимедијална порака, се појавува во лентата за
статус. За да ја прочитате пораката, можете и да ја повлечете лентата за статус надолу
и да ја потчукнете примената порака кога лентата за статус е отворена.
За да се одговори на порака
1
Од вашиот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Пораки.
2
Допрете го саканиот разговор.
3
Внесете го вашиот одговор и допрете Испр..
За да се препрати порака
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа допрете Пораки.
2
Допрете го саканиот разговор.
3
Допрете и задржете ја пораката што сакате да ја препратите, а потоа допрете Препрати
порака.
4
Одберете примател од листата или допрете Додај примач за да додадете примател кој
не е во листата.
5
Уредете ја пораката и потчукнете Испр..
48
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

За да се избрише порака
1
Од вашиот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Пораки.
2
Допрете го саканиот разговор.
3
Допрете и задржете ја пораката што сакате да ја избришете, а потоа допрете Избриши
порака > Да.
За да избришете разговори
1
Од вашиот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Пораки.
2
Притиснете
, потоа потчукнете Избриши ги разговорите.
3
Обележете ги полињата за разговорите што сакате да ги избришете, а потоа допрете
Избриши.
За да се зачува во контакт бројот на испраќачот
1
Од вашиот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Пораки.
2
Допрете разговор.
3
Допрете го бројот на испраќачот на горниот дел на екранот.
4
Потчукнете .
5
Одберете постоечки контакт или потчукнете ако сакате да креирате нов контакт.
6
Уредете ги информациите за контактот и потчукнете Готово.
Повикување испраќач на порака
1
Од својот Почетен екран, допрете , потоа допрете Пораки.
2
Допрете разговор.
3
Допрете го името или бројот на примачот на врвот од екранот.
4
Ако примачот е зачуван во контактите, допрете го телефонскиот број што сакате да го
повикате. Ако не сте го зачувале примачот во своите контакти, допрете .
За да зачувате датотека содржана во порака што сте ја примиле
1
Од вашиот Почетен екран, допрете , а потоа допрете Пораки.
2
Допрете го саканиот разговор.
3
Ако пораката сè уште не е преземена, допрете ја и задржете ја пораката, а потоа допрете
Преземи порака.
4
Допрете ја и држете ја датотеката што сакате да ја зачувате, а потоа одберете ја саканата
опција.