
Преглед на апликации
Користете ја апликацијата Часовник за да поставите разни аларми.
Користете го веб-пребарувачот за да се движите низ веб-страниците и да ги гледате, за
да управувате со обележени страници и да управувате со текст и слики.
Користете ја апликацијата „Батерија“ за изведување основни пресметки.
Користете ја апликацијата „Календар“ за да ги следите настаните и да управувате со
состаноците.
Користете ја камерата за да правите фотографии и да снимате видеоклипови.
Користете ја апликацијата „Контакти“ за да управувате со телефонските броеви, адресите
за е-пошта и другите информации за контактите.
Пристапете до преземените апликации.
Користете ја апликацијата за е-пошта за да испраќате и примате е-пошта на приватните и
службените сметки.
Користете ја апликацијата Facebook за социјално мрежно поврзување со пријателите,
семејството и колегите ширум светот.
Пребарувајте и слушате ФМ радиостаници.
Користете ја апликацијата Галерија за прегледување и работа со фотографиите и
видеата.
112
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.

Користете ја апликацијата Gmail™ во телефонот за да ја читате, пишувате и
организирате е-поштата.
Барајте информации во телефонот и на веб.
Користете ја апликацијата Географска ширина за да ги видите локациите на своите
пријатели на карта и да ја споделите својата локација со нив.
Погледнете ја својата тековната локација, пронајдете други локации и пресметајте ја
маршрутата со помош на Google Maps™.
Одете во Google Play™ за да преземете за телефонот бесплатни апликации или
апликации што треба да се платат.
Користете ја апликацијата за Пораки за да испраќате и примате текстуални и
мултимедијални пораки.
Користете ја апликацијата WALKMAN за да организирате и репродуцирате музика,
аудиокниги и подкасти.
Погледнете ги новата музика и видеата коишто пријателите ги споделиле на Facebook.
Управувајте користејќи говорни упатства, свртување-по-свртување.
Гледајте вести и временска прогноза.
Направете повик со рачно бирање на бројот.
Барајте места, на пример, ресторани и кафулиња.
Оптимизирајте ги поставките во телефонот според сопствените потреби.
Користете ја апликацијата Водич за поставување да се запознаете со основните функции
и да најдете помош за поставување на телефонот.
Користете ја апликацијата Google Talk™ за да си муабетите со пријателите онлајн.
Идентификувајте ги песните коишто ги слушате во својата околина и дознајте ги
податоците за изведувачот, албумот и друго.
Користете ја апликацијата Помош за да пристапите до поддршката за корисниците
директно во телефонот. На пример, можете да отворите некое упатство, информации за
отстранување на проблеми, како и дополнителни корисни совети.
Користете го YouTube™ за да споделувате и гледате видеа од целиот свет.
Преземање и инсталирање нови апликации и нови верзии.
Некои апликации не се поддржани од сите мрежи и/или даватели на услуги во сите
области.
113
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.