Преглед на поставките на телефонот
Запознајте ги поставките во вашиот телефон за да можете истите да ги персонализирате на
вашите сопствени потреби.
Wi-Fi
Вклучете или исклучете Wi-Fi® , скенирајте достапни Wi-Fi® мрежи или
додајте ја Wi-Fi® мрежата.
Bluetooth
Вклучете или исклучете Bluetooth™ , пребарајте достапни Bluetooth™
уреди и направете го телефонот видлив или невидлив за другите
Bluetooth™ уреди.
Користење
податоци
Вклучете го или исклучете го сообраќајот на податоци во мобилниот и
следете ги деталите за користењето на податоците во одреден период.
Повеќе…
Вклучете го или исклучете го авионскиот режим, конфигурирајте поставки
за VPN и мобилни мрежи и вклучете го телефонот да ја споделува
својата конекција за мобилни податоци како преносно „жешко“ место Wi-
Fi® или преку USB-поврзување или Bluetooth™.
Поставки за
повици
Управувајте и конфигурирајте поставки за броеви за фиксно бирање,
говорна пошта и интернет повици.
Звук
Конфигурирајте како вашиот телефон ѕвони, вибрира или ве
предупредува кога добивате комуникација. Можете и да ги искористите
овие поставки да поставите ниво на јачина на звук за музика, видео клип,
игра или друг медиум со аудио и да направите некои поврзани
прилагодувања.
Екран
Вклучете го екранот на телефонот да префрли ориентација кога го
ротирате телефонот. Можете да ги поставите и светлината, големината
на фонтот, заднината и паузата на екранот.
Зачувување
Проверете го достапниот простор во внатрешната меморија на
телефонот и на SD-картичката. Можете и да ја избришете SD-картичката
или да ја отстраните за безбедно отстранување.
Батерија
Прикажете го статусот од батеријата на телефонот. Можете и да видите
колку долго работи телефонот на батерија и како различни апликации
трошат енергија од батеријата.
Апликации
Управувајте ги апликациите што работат, преземените апликации и
апликациите на SD-картичката.
Xperia™
Конфигурирајте го режимот на USB конекцијата, видот на мрежната
конекција и поставките на интернетот. Можете и да вклучите функции на
Facebook во апликациите.
Сметки и
синхрониз.
Вклучете го телефонот да синхронизира податоци со сметките за
синхронизација што ги додавате.
Услуги за
локација
Вклучете или исклучете услуга за локација од Google, GPS сателити и
локации и пребарување на Google.
Безбедност
Заштитете го телефонот со поставување различни заклучувања и
лозинки. Можете да дозволите и инсталација на апликации коишто не се
од Google Play™.
Јазик и
внесување
Одберете го јазикот на телефонот, прилагодете ги опциите за внесување
на текст, додавање зборови во личен речник и конфигурирајте ги
поставките за говор.
110
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Резер. копија и
ресетирање
Направете резервна копија од податоците и ресетирајте го телефонот.
Датум и време
Поставете ги времето и датумот или изберете ги вредностите обезбедени
од мрежата. Одберете го форматот на датум и час што вие го
претпочитате.
Пристапност
Вклучете ги вашите инсталирани услуги за пристапност и прилагодете ги
поврзаните поставки.
Опции за
програмери
Поставете опции за развој на апликација. На пример, можете да покажете
користење на CPU на екранот од телефонот и да покажете визуелни
повратни информации за допирите. Можете и да го поставите телефонот
да влезе во режимот на отстранување грешки кога е поврзан USB.
За телефонот
Видете ги информациите за вашиот телефон, како што е бројот на
моделот, вградениот софтвер, телефонскиот број и сигналот. Можете и
да го ажурирате софтверот со најновата верзија.