
Синхронизирање на службените е-пошта, календар и
контакти
Пристапете до службените пораки на е-пошта, состаноци во календарот и контактите директно од
телефонот. Гледајте ги и управувајте со нив исто толку лесно како и од компјутер. По
поставувањето, своите податоци можете да ги најдете во апликациите Е-пошта, Календар и
Контакти.
За да пристапите до функцијата опишана погоре, вашите службени одатоци мора да
бидат сочувани на Microsoft® Exchange сервер.
Поставување корпоративна е-пошта, календар и контакти во телефонот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки и синхрониз..
3
Проверете дали синхронизирањето е вклучено така што вашите податоци автоматски ќе се
синхронизираат според поставениот интервал за синхронизација.
4
Допрете Додај сметка > Корпоративно.
5
Внесете ги корпоративната адреса за е-пошта и лозинката.
6
Допрете Следно. Телефонот започнува да ги вчитува информациите за вашата сметка.
Ако не успее, контактирајте го администраторот на корпоративната сметка за повеќе
информации како домен името и адресата на серверот Exchange.
7
Допрете OK за да дозволите корпоративниот сервер да го контролира вашиот телефон.
8
Одберете кои податоци сакате да ги синхронизирате со телефонот, како контакти и
календарски записи.
9
Доколку сакате, активирајте го администраторот на уредот за да дозволите корпоративниот
сервер да контролира одредени безбедносни функции во телефонот. На пример,
дозволете на корпоративниот сервер да постави правила на лозинката и да постави
шифрирање на зачувувањето.
10
Кога поставувањето е извршено, можете да внесете име за корпоративната сметка, за да
може лесно да се идентификува.
Уредување на поставувањата на корпоративна е-пошта, календар и контакти
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки и синхрониз. и изберете ја својата корпоративна
сметка.
3
Допрете Поставки на сметка, потоа допрете ја корпоративната сметка што сакате да
ја уредите.
4
Променете ги саканите поставки.
Поставување интервал на синхронизација за корпоративна сметка
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки и синхрониз. и изберете ја својата корпоративна
сметка.
3
Допрете Поставки на сметка, потоа допрете ја корпоративната сметка за која сакате
да поставите ниво на синхронизација.
4
Допрете Зач. на пров. на дојдов. сандаче и одберете опција за интервал.
Отстранување корпоративна сметка од вашиот телефон
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки и синхрониз., потоа допрете ја вашата корпоративна
сметка.
3
Притиснете
, потоа допрете Отстрани сметка.
4
Допрете Отстрани сметка повторно за да потврдите.