Синхронизирање со Google™
Синхронизирајте го својот телефон со вашите Gmail™, Google Calendar™, Google™ контакти,
Google™ Chrome обележувачи и податоци од другите услуги на Google што ги користите.
Прикажете ги и ракувајте со нив од својот телефон исто толку лесно како што би ракувале од
компјутер.
По синхронизирањето, можете да најдете Gmail™ во апликацијата Gmail™; Google Calendar™ во
апликацијата Календар; Google™ контакти во апликацијата Контакти; и другите податоци во
соодветните апликации на Google што ги инсталиравте.
Поставување сметка на Google™ во вашиот телефон за автоматска
синхронизација
1
Од вашиот Почетен екран, допрете го .
2
Допрете го Поставки > Сметки и синхрониз..
3
Проверете дали синхронизацијата е вклучена, за да може апликациите автоматски да ги
синхронизираат податоците.
4
Допрете го Додај сметка > Google.
5
Следете го волшебникот за регистрација за да креирате сметка на Google™ или најавете
се доколку веќе имате сметка.
6
Допрете го Следно.
7
Допрете ја својата новокреирана сметка на Google™, а потоа допрете ги ставките што
сакате да ги синхронизирате.
За да синхронизирате рачно со вашата Google™ сметка
1
Од Почетен екран, потчукнете .
2
Потчукнете Поставки > Сметки и синхрониз..
3
Допрете ја Google™ сметката што сакате да ја синхронизирате.
4
Притиснете
, потоа потчукнете Синхронизирај веднаш.
Синхронизирање на пребарувачот со Google™ Chrome
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки и синхрониз..
3
Допрете ја сметката на Google™, потоа обележете го релевантното поле за избирање за
да го синхронизирате пребарувачот.
Отстранување сметка на Google™ од телефонот
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Допрете Поставки > Сметки и синхрониз..
3
Допрете ја сметката на Google™ што сакате да ја отстраните од листата со сметки.
4
Притиснете
, потоа допрете Отстрани сметка.
5
Допрете Отстрани сметка повторно за да потврдите.
96
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.