Управување со повици
Можете да користите две SIM-картички и да се префрлате од една на друга според потребите.
Кога користите една SIM-картичка за реализирање на повиците, другата SIM-картичка автоматски
се исклучува.
Можете да упатите повик со рачно бирање телефонски број, со допирање број што е зачуван во
контакт листата на телефонот или со допирање на бројот во приказот на дневникот на повици.
Можете да ја користите и функцијата за паметно бирање, за брзо пронаоѓање на броевите во
списокот со контакти и во дневникот на повици.
Упатување повици со бирање
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Телефон.
3
Внесете го бројот на примачот и допрете Пов.. За да избришете број, допрете .
За да се заврши повик
•
Потчукнете .
Упатување меѓународни повици
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Телефон.
3
Допрете и држете 0 додека не се појави знакот „+“.
4
Внесете го кодот на државата, кодот за областа (без почетната 0) и телефонскиот број,
потоа допрете Пов..
За да одговорите на повик
•
Влечете
кон десно, преку екранот.
Ако користите обични слушалки без микрофон, треба да ги отстраните слушалките од
конекторот за слушалки за да можете да одговорите на повикот.
Одбивање повик
•
Влечете на лево преку екранот.
За да одбиете втор повик
•
Кога ќе слушнете повторливи бипови во текот на повик, повлечете го
преку екранот.
37
Ова е Интернет верзија на ова издание. © Испечатете го само за приватна употреба.
Менување на јачината на звукот на слушалка за уво во текот на повик
•
Притиснете го копчето за јачина на звук нагоре или надолу.
Вклучување на звучникот за време на повик
•
Потчукнете .
За да се исклучи звукот на микрофонот во текот на повик
•
Потчукнете .
За да го активирате екранот за време на повик
•
Притиснете .
За да се внесат броеви во текот на повик
1
Во текот на повик, потчукнете . Се појавува тастатурата.
2
Внесете броеви.
За да се исклучи звукот на тонот на ѕвонење за дојдовен повик
•
Кога примате повик притиснете го копчето за јачина на звукот.
Неодамнешни повици
Во дневникот nа повици, можете да ги видите пропуштените , примените и бираните
повици.
Прикажување на пропуштените повици
1
Кога имате пропуштен повик, се појавува на лентата за статус. Повлечете ја лентата за
статус надолу.
2
Допрете Пропуштен повик.
Повикување број од дневникот на повици
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Телефон.Приказот на дневникот на повици се појавува на горниот
дел од екранот.
3
За да повикате број директно, допрете го бројот. За да уредите број пред да го повикате,
допрете го и задржете го, а потоа допрете Уреди го бројот пред повикот.
Можете да повикате број и со допирање > Повратен повик.
Додавање број од дневникот на повици во контактите
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Телефон.Приказот на дневникот на повици се појавува на горниот
дел од екранот.
3
Допрете и задржете го бројот, потоа допрете Додај во контакти.
4
Допрете го саканиот контакт или допрете Креирај нов контакт.
5
Уредете ги деталите за контактот и допрете Готово.