
Дозволи
Некои апликации имаат потреба да пристапат до делови на Вашиот телефон за да можат
соодветно да работат. На пример, апликацијата за навигација има потреба од дозволи за
испраќање и примање на пренос на податоци и за пристап до Вашата локација. Некои апликации
може да ги злоупотребат нивните дозволи со крадење или бришење на податоци или со
пријавување на Вашата локација. Уверете се дека инсталирате и давате дозволи само за
апликации на коишто им верувате.
Прикажување дозволи на апликација
1
Од својот Почетен екран, допрете .
2
Пронајдете и допрете Поставки.
3
Допрете Апликации.
4
Допрете ја саканата апликација.
5
Лизгајте надолу за да ги прикажете релевантните детали под Дозволи.